spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Економските политики добро поставени, македонската економија ги подобрува изгледите

МФ: Економските политики добро поставени, македонската економија ги подобрува изгледите

Економските политики и мерки што се практикуваат во земјава создаваат солидна основа за зголемување на потенцијалот за раст и остварување повисоки стапки на раст на среден рок. Економијата е отпорна, макроекономските фундаменти здрави, додека очекувањата на ММФ за растот годинава според октомвриската проекција се подобрени за 1,1 процентен поен во однос на претходната од април. Значајна улога ќе играат инвестициите, вклучително и капиталните, коишто во Буџетот бележат трицифрен раст во однос на минатата година. Инфлацијата се очекува да продолжи да се намалува, а придонес кон тоа треба да дадат владините антикризни мерки. Ова беше истакнато на средбите на министерот за финансии Фатмир Бесими со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс, алтернативниот извршен директор, Лук Дресе и директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер. На средбата присуствуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

„Економските политики што ги спроведуваме добиваат потврда од релевантните меѓународни финансиски институции и инвеститорите, а тоа го покажуваат и резултатите што се остваруваат. Приходите во Буџетот се повисоки за 12% во споредба со приходите остварени минатата година, а расходите и дефицитот се во рамки на планираното и се одржуваат на курсот на постепена фискална консолидација. Капиталните расходи бележат раст од 142,2%. Јавниот долг се одржува на нивото согласно поставените правила во новиот Закон за буџети и Мастришките критериуми. Финансирањето на Буџетот е обезбедено до крајот на годината“, посочи министерот Бесими.

Тој додаде дека буџетските политики се комплементарни со политиките и мерките содржани во Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзан економски раст. Тие се насочени кон спроведување постепена фискална консолидација, намалување на непродуктивните трошења, зголемување на капиталните расходи и реализација на капиталните инвестиции, но и поттикнување инвестиции во приватниот сектор, со цел остварување двојно поголеми стапки на економски раст.

Признание за ваквите политики, како што рече министерот, добивме минатата година со можност за пристап до средства преку Програмата за претпазливост и ликвидност на ММФ. На тој начин беа обезбедени поволни средства за спроведување на политиките и зголемените трошења што произлегоа од енергетската и ценовната криза, а воедно се обезбеди и основа за понатамошно задржување  стабилни макроекономски политики. Потврда за тоа е поддршката и од другите меѓународни институции, како ЕК од која се обезбедени средства за буџетски политики, а се очекуваат средства и од Светската банка за развојните политики, како и буџетска поддршка од КфВ банка.

На средбите стана збор и за мерките што се преземаат за справување со енергетската и ценовната криза. Земјата обезбеди 225 милиони евра за справување со кризата, но и дополнителни средства со извршената прераспределба во Буџетот којашто беше усвоена од страна на Собранието. Инфлацијата бележи намалување и тој тренд се очекува да продолжи.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...