spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Со зголемување на можностите за иновативно решавање на предизвиците до забрзан...

МОН: Со зголемување на можностите за иновативно решавање на предизвиците до забрзан економски раст

Со државна поддршка преку Фондот за иновации и технолошки развој, 86 домашни фирми ќе реализираат иновативни идеи и креативни решенија за забрзан раст. За нив се наменети 4,4 милиони евра, а средствата ги добиваат како победници на јавниот повик на ФИТР „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на свечениот настан во аулата на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” од Скопје, рече дека поддршката на  истражувањата и иновациите се приоритет на Владата и на Министерство за образование и наука а ваквите успешно реализирани јавни повици се функционални механизми за финансирање на иновативни проекти. Нагласувајќи дека ја важноста од системски одговор на глобалните барања за индустриска конкурентност и иновативност, министерот Шаќири укажа дека колку ги зголемуваме можностите за креативен пристап во решавањето на предизвиците, толку побрзо напредуваме во научно-технолошкиот и економскиот развој.

Државата има скок од 12 места на Глобалниот иновациски индекс за 2023 година, за што значаен придонес има поддршката што се реализира преку Фондот за иновации и технолошки развој. На последниот јавен повик, до ФИТР пристигнаа 268 предлози за одобрување на средства за инвестиции што ќе им помогнат на фирмите да ги надминат последиците од економската криза и да ја зголемат конкурентноста со воведување на нови, напредни технологии.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...