spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Од 12 септември 2023 година отворен е повикот за аплицирање за...

МОН: Од 12 септември 2023 година отворен е повикот за аплицирање за Чивнинг стипендиите на Владата на Обединетото Кралство

Помеѓу 12 септември и 7 ноември 2023 година отворена е можноста за аплицирање за Чивнинг стипендии за студирање во Обединетото Кралство. Апликациите треба да се поднесат преку онлајн формуларот за аплицирање на chevening.org/apply.

Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни за да станат идни лидери, а кои при тоа можат и да покажат како магистерската диплома во Обединетото Кралство ќе им помогне да создадат позитивни промени во нивната земја. Стипендијата нуди целосна финансиска поддршка за стипендистите да се посветат на академски студии за стекнување на магистерска диплома на над 150 универзитети во Обединетото Кралство, при што истовремено ќе им се овозможи пристап до широк спектар на ексклузивни академски, професионални и културни искуства.

Од формирањето на програмата во 1983 година, преку 55.000 професионалци имаа можност да ја унапредат својата кариера преку Чивнинг. На глобално ниво се нудат приближно 1.500 стипендии за академската 2024/2025 година, што ја покажува постојаната посветеност на Обединетото Кралство за развој на лидерите на утрешницата во пресрет на прославата на 40. годишнината на Чивнинг стипендиите.

Раководителот за стипендии во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство (ФЦДО), Ема Хенеси, рече:

„Чивнинг стипендистите, соработниците и дипломците ги користат вештините и знаењата што ги стекнуваат додека студираат во Обединетото Кралство за да поттикнат промени, преку застапување за подобар живот и побезбедни места за живот, работа и напредување за луѓето ширум светот.

Чивнинг го претставува најдоброто од Обединетото Кралство и светот, а нашите научници стануваат дел од глобалната Чивнинг мрежа од над 55.000 дипломци. Секогаш сум инспириран од страста и посветеноста на оние кои се дел од Чивенин заедницата и со нетрпение очекувам да ги добијам апликациите од следната генерација.`

Метју Лосон, британскиот амбасадор во Северна Македонија рече:

„Ако сте мотивирани за поттикнување на промени, без разлика дали на локално или глобално ниво, ако сакате да бидете најдобри во она што го работите и ако имате имагинација да ги инспирирате другите, тогаш Чивнинг стипендијата би можела да биде совршена можност за вас.`

„Не постои такво нешто како „типичен“ академски граѓанин. Вашата возраст, раса, пол, религија и културолошко потекло не ни се важни. Нам ни е потребно да видиме дека поседувате енергија, љубопитност, сочувство, јасна визија за вашата иднина и способност да ги постигнете своите цели. Ако ова звучи како вас, тогаш голема е веројатноста дека ќе се вклопите во нашата заедница од над 55.000 дипломци ширум светот.`

„Нашата мрежа на дипломирани студенти е полна со динамични инфлуенсери кои го споделија истото искуство кое и вие ќе го споделувате. Тие можат да понудат охрабрување, менторство, совети и контакти. Кога ќе се вратите дома по студиите, треба да се чувствувате подготвени да започнете да правите вистински промени во Северна Македонија.`

„Многу може да се добие од поднесувањето на одржана апликација, па ако го имате она што е потребно за да бидете Чивнинг стипендист, би ве охрабрил да аплицирате пред крајниот рок 7 ноември 2023 година.

Повикот за нови апликанти следи по изборот на 6 стипендисти од Северна Македонија кои освоија награда за студирање на универзитет во Обединетото Кралство оваа година. Успешните апликанти ги споделуваат своите приказни преку хаштагот #ChosenForChevening на Facebook и Twitter.

 

Повеќе информации

Посетете ја chevening.org/scholarships за подетални информации во однос на критериумите за подобност и спецификациите за стипендија.

 

КРAJ

 

Белешки за уредниците

Чивнинг стипендиите се глобална програма за стипендии на Владата на Обединетото Кралство, финансирана од Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) и партнерските организации. Стипендиите даваат можност за посетување на едногодишни магистерски студии на универзитетите во Обединетото Кралство за лица со докажан потенцијал да станат идни лидери, лица кои ќе донесуваат одлуки и ќе го формираат јавното мислење.

Чивнинг програмата беше формирана 1983 година и се разви во престижна меѓународна програма за стипендирање. Чивнинг стипендистите доаѓаат од над 160 земји и територии ширум светот. Во текот на изминатите пет години, Чивнинг додели речиси 8.000 стипендии. Преку 55.000 Чивнинг дипломци ширум светот ја сочинуваат оваа влијателна и високо ценета глобална мрежа.

Името „Чивнинг“ доаѓа од Чивнинг Хаус во Севеноакс, Кент – моментално заедничката официјална резиденција на министерот за надворешни работи на ОК.

Повеќе информации се достапни на chevening.org.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...