spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКичево: Внимание за социјално ранливите категории

Кичево: Внимание за социјално ранливите категории

 

Во рамки на акцијата “Oбезбедување бесплатни здравствени прегледи за социјално ранливите Роми преку намалување на последиците по нивното здравје како резултат на КОВИД-19” финансирана во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата Фаза II за “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво”, Општина Кичево во соработка со ЈЗУ Здравствен Дом Кичево во периодот од 02.10.2023 – 06.10.2023 спроведе бесплатни здравствени прегледи за социјално ранливите Роми на неколку локации и тоа на ул. Партизански Одреди (кај пошта), ул. Маршал Тито (Бела Кула) и ул. Прилепска.

Акцијата беше успешно спроведена, каде што во рамки на овој проект вкупно беа извршени 176 превентивни здравствени прегледи.

Visual Portfolio, Posts & Image Gallery for WordPress

 

 

 

Извор: Општина Кичево 

Прочитајте