spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Работилница за активирање на приматели на гарантирана минимална помош/минимален приход

МТСП: Работилница за активирање на приматели на гарантирана минимална помош/минимален приход

На 5 и 6 октомври 2023 година во Скопје се одржа работилница за активирање на приматели на гарантирана минимална помош/минимален приход на која предвидено е да се разменат искуства и добри практики помеѓу Северна Македонија и Австрија, како и предизвици поврзани со активните мерки за вработување и инструменти за ранливи групи и лица приматели на гарантирана минимална помош со цел нивна активација на пазарот на труд.

Воведни обраќања на работилницата имаа заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и австрискиот аташе за Северна Македонија, Харалд Фугер.

На почетокот на своето обраќање, Хусејин искажа благодарност до аташето Фугер и до Сојузното Министерство за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија за повеќегодишната интензивна соработка.

„Приоритет на политиките на пазарот на трудот е создавање на услови за создавање услови за зголемување на учеството и отворање работни места, од една страна и зголемување на компетенциите и вештините на невработените лица на пазарот на трудот во насока за нивна поголема вработливост и активација на пазарот на труд, од друга страна”, истакна заменик министерот Хусеин пред присутните учесници на работилницата.

 

Во оваа насока, тој потенцираше дека една од целите на социјалната реформа беше да се зголеми адекватноста на помошта што ја добиваат примателите на гарантираната минимална помош, проследено со нивно вклучување на пазарот на трудот во кој процес Центрите  за социјална работа и Центрите  за вработување имаат значајна улога.

Во контекст на социјалната реформа, Хусејин информираше дека Министерството за труд и социјална политика и понатаму ќе продолжи со унапредување на активацијата на тешко вработливите категории на граѓани кои се во социјален ризик, пред се приматели на гарантирана минимална помош.

Изминатите  години, како и сега, со директна поддршка на корисниците на гарантиран минимален помош  преку активни мерки за вработување како што се практиканство, обука кај познат работодавач,  обуките за побарувани вработувања, субвенционирано вработување, мерката втора шанса  итн. се овозможува на ранливите категории на граѓани и барателите на работа да ја зголемат вработливоста, да се обезбедат можности за зголемување на професионалните вештини и  стекнување квалификации што на долгорочно невработените и исклучените лица им овозможува полесен пристап до пазарот на трудот.

 

„Почнувајќи од 2023 година активните мерки за вработување ги прилагодивме и за првпат се овозможи и лицата со минимум завршено основно образование да може да се вклучат во обуките и другите програми за вработување. Ова е значаен исчекор, имајќи предвид дека над 60 проценти од корисниците на гарантирана минимална помош се со ниски квалификации”, потенцираше Хусејин.

На работилницата се споделија информации за австрискиот Закон за принципи на социјална заштита и законодавството за минимален приход во Виена, како и за институционалната соработка на австриските институции во однос на активните мерки за вработување на приматели на минимална помош.

На работилницата, исто така, се очекува да бидат посочени и примери за добри практики и предизвици во врска со активните мерки за вработување и инструменти за ранливи групи и лица кои примаат гарантирана минимална помош.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте