HomeМинистерстваМТСП: Кога анти-родовите движења земаат најголем замав, поддршката од меѓународните организации ни...

МТСП: Кога анти-родовите движења земаат најголем замав, поддршката од меѓународните организации ни е најважна

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Елиса Фернандез, Заменик-регионалната директорка на регионалната канцеларија на UN Woman за Европа и Централна Азија. На состанокот беше присутна и раководителката на Канцеларијата на UN Women – Скопје, Весна Ивановиќ Кастаред.

 

На средбата беше истакната соработката на Министерството за труд и социјална политика и канцеларијата на UN Woman со особен фокус на проектите кои се поврзани со поддржувањето на Родовото одговорно буџетирање, Родово базирано насилство и Родовата еднаквост воопшто.

Тренчевска истакна дека од особена важност е продолжувањето на интезивната работа на развојот и имплементацијата на Родовото одговорно буџетирање и креирањето на политики кои ќе придонесат до еднаква распределба на ресурсите. Таа истакна дека во делот на родово одговорни буџети Република Северна Македонија работи уште од 2008-ма година. Министерката појасни дека стремежот ќе продолжи и во иднина со цел државата да биде лидер во регионот на ова прашање преку Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на буџети и политики.

На крајот од средбата уште еднаш беше потврдена соработката на меѓународните организации и министерството.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија