spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Заедно со UNFPA ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата...

МТСП: Заедно со UNFPA ги таргетираме предизвиците со кои се соочува нашата држава и заедно креираме решенија

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Флоренс Бауер, Регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. На средбата се разговараше за соработката на Министерството за труд и социјална политика и УНФПА во делот на застапувањето на човековите права. Особен фокус беше ставен на денешната регионална Конференција „Моќта на изборот: Остварувајќи телесна автономија за жени и девојчиња” која се одржа во Скопје и конференцијата која за 10 дена ќе се одржи во Женева и ќе претставува дел од мозаикот на дискусиите кои имаат за цел да придонесат во поголемото почитување на човековите права.

 

Бауер и Тренчевска разговараа и за важноста на Стратегијата за демографски политики и Акцискиот план кој моментално е во подготовка и треба да придонесе во унапредување на прашањето за миграции и стареењето на населението како предизвик со кој се соочува државата, но и целиот регион воопшто.

На средбата се разговараше и за  анти-родовите движења кои се активни во нашата држава, нивното загрозување на човековите права и наоѓањето на заедничко решение за справување со предизвикот пред кој е исправена државата. Присутните истакнаа дека напредокот кој го постигна Република Северна Македонија изминатиот период во обезбедување на човековите права и еднаквост, не смее да сопре и дека токму ваквата партнерска поддршка е клучна за тоа.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте