spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Трите нови детски паркови

Битола: Трите нови детски паркови

Детски џагор, смеа и игра е сликата која што деновиве ја има во трите нови детски паркови, лоцирани во близина на ОУ „Климент Охридски“, во населбата „Карпош“ и во Долно Оризари.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес ги посети новите паркчиња и се сретна со локалното население, кое во тоа време заедно со нивните деца, беа во паркчињата.

Жителите на населбите изразија задоволство од новите катчиња за најмладите, кои освен новите реквизити, располагаат и со урбана опрема, а пред се обезбедуваат сигурност за децата во регулиран заграден простор.

Проектот во вредност од 4.600.000 денари, средства од Бирото за рамномерен развој, се реализираше во партнерство со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...