HomeОпштиниПрилеп: Со континуитет на инвестиции од над 50 милиони денари во образованието,...

Прилеп: Со континуитет на инвестиции од над 50 милиони денари во образованието, градиме квалитетен образовен систем!

Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образов

ен систем во првите две години од нашиот мандат како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп.
Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Општината и директорите на училиштата, во рамките на овие инвестиции направени се реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, канцелариите, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори и извршени се адаптации на неискористени простории.
Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца.
Децата и нивното образование остануваат наш приоритет.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ??

 

Извор: Општина Прилеп 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...