Утрово градоначалникот Бобан Стефковски беше во ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Стајковци каде што наставата започна со интонација на химната на Република Македонија.
Преку интонација на химната на Македонија кај дечињата уште од најмали нозе да ја градиме почитта и љубовта кон својата татковина.
Градоначалникот Стефковски истакна дека сите заедно треба да работиме во насока на подигнување на чувството и почитта кон химната и знамето на Република Македонија како репрезенти и симболи на државноста на нашата земја.
Извор: Општина Гази Баба