HomeОпштиниБитола: Младите од Пелагонија се обучуваат за подобар развој на нивните вештини

Битола: Младите од Пелагонија се обучуваат за подобар развој на нивните вештини

spot_img
spot_img

Во рамките на проектот  „FAST FORWARD – развој на вештини на младите од Пелагонија за подобра иднина”, имплементиран од Здружението за унапредување на развојните процеси ПРО ЛОКАЛ Битола, а поддржан од Американската амбасада, 15 млади лица од општините Новаци, Могила, Демир Хисар, Ресен, Крушево, Кривогаштани и Долнени, се обучуваат како да ги развијат своите бизнис идеи.

На денешната работилница, покрај организаторите и учесниците, присуствуваа и градоначалниците на пелагониските општини. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека е посебна привилегија да се работи со млади кои имаат желба да отворат свој бизнис, бидејќи младите со своите активности нè прават сите заедно поуспешни, помотивирани и посреќни во општините каде што живееме.

„Велат, кога се сака, сè се може! 15 млади од Пелагонискиот регион покажаа дека сакаат да се реализираат професионално во приватниот сектор, да ги тестираат своите бизнис идеи на пазарот.

Токму со овој проект младите научија дека иако секоја идеја има потенцијал, потребно е знаење и посебни вештини, истражување на пазарот, многу труд и посветеност за истата да стане реален бизнис.

Исто така е точно дека новоотворените компании најчесто пропаѓаат во првите години по отворањето, пред се поради немањето поддршка од правен и финансиски аспект.

Наша обврска како општество е да им помогнеме нивните идеи да станат реалност“, истакна Коњановски.

Покрај општините, проектот се имплементира и во соработка со Центарот за вработување Битола, со цел да се зајакнат претприемничките капацитети на младите од рурална Пелагонија, диверзификација на локалната економија и генерирање на дополнителни приходи за младите од рурална Пелагонија, како и поддршка на младите од рурална Пелагонија за отпочнување на сопствен бизнис.

 

 

 

 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија