spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУСАДУ: Одржани Спортски синдикални игри 2023

САДУ: Одржани Спортски синдикални игри 2023

Во периодот од 29.09 до 01.10.2023 год.  Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ги одржа седмите по ред синдикални спортски игри во хотел Аквалина, Охрид.

Овие спортски игри ги одбележа спортскиот  дух на сите учесници и секако желбата за дружење.

Дисциплините во кои се натпреваруваа екипите, во машка, женска и заедничка категорија, беа мал фудбал, баскет, пинг-понг, стрелаштво, шах, пикадо, серва, влечење јаже и одбојка.

Секоја синдикална организација си извојува победа во некоја од категориите за што беа доделени пехари за освоено трето, второ и прво место.

По успешно завршени спортски игри синдикалната организација која е севкупен победник е Синдикалната организација на правосудство.

Во прилог: галерија

 

 

 

 

Извор: САДУ

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...