spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Годишна Даночна пријава - Највисок доход за 2022 година

УЈП: Годишна Даночна пријава – Највисок доход за 2022 година

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес конференција на тема „Годишна даночна пријава – највисок доход во 2022 година“ ја информираше јавноста дека Управата за јавни приходи изготви пред пополнета Годишна даночна пријава за 789.761 граѓанин со искажан годишен бруто доход од 413,8 милијарди денари, и 25,7 милијарди денари пресметан данок на личен доход.

Вкупниот приход на граѓаните во 2022 година е за 47,2 милијарди денари повисок во однос на 2021 година, и следствено на ова и данокот на личен доход е за 3,3 милијарди денари повисок во 2022 година.

 

Во прилог е прес – пакет во кој е содржана анализата на Годишните даночни пријави за 2022 година.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

ПРЕТХОДНА ОБЈАВА
СЛЕДНА ОБЈАВА

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...