spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Детската заштита останува приоритет во нашата работа, секое дете заслужува да...

МТСП: Детската заштита останува приоритет во нашата работа, секое дете заслужува да биде дел од воспитно-образовниот процес

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Биљал Касами, градоначалникот на Тетово.

 

На средбата се разговараше за детската заштита и важноста од проширување на капацитетите на постоечките градинки како и изградба на нови со цел згрижување на што повеќе деца во градинките и овозможување правилен раст и развој.

Градоначалникот, претставниците на Општина Тетово и министерката ги разгледаа потребните чекори за завршување на изградениот објект – клон на градинката „Младост“ во Тетово финансиран од Европската Унија.

Тренчевска истакна на средбата дека изградбата на нови градинки е од особена важност за да се опфатат и вклучат што поголем број на деца во предучилишното образование.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте