HomeВладаПоддршката од Јапонија за нашата држава започна уште од осамостојувањето

Поддршката од Јапонија за нашата држава започна уште од осамостојувањето

spot_img
spot_img

Денес, Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили оствари средба со Амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја.

На средбата таа му се заблагодари на амбасадорот Казуја за континируаната помош и поддршката, која ја добиваме преку официјалната развојна соработка, во повеќе значајни сектори како што се здравство, образование, развој на локалните заедници, но и значајна техничка и експертска помош како и стручно унапредување на администрацијата во различни области.

Преведено во финансиски средства, тоа се околу 422 милион евра, пари на даночните обврзници на Јапонија, кои се имплементирани преку финансирање на разни проекти наменети за подобрување на животот на нашите граѓани во различни области.

Покрај ова, Јапонија годишно обезбедува околу половина милион евра неповратна грантова помош преку Програмата за мали проекти за основни човекови потреби наменети за проекти, за здравствените установи, училиштата, комунални претпријатија и општини.

Во изминатите три декади имплементирани се над 150 проекти преку оваа програма, со кои унапредени услуги чии директни корисници се граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија