HomeОпштиниИлинден: Изработена проектна документација за изградба на дел од Кадино

Илинден: Изработена проектна документација за изградба на дел од Кадино

spot_img
spot_img

Во рамки на реализација на проектот за изградба на фекална канализација во Општина Илинден, изготвена е целосно нова проектна документација за изградба на колекторски систем за дел од фекална канализација во населено место Кадино.

Оваа проектна документација предвидува изградба на примарна и секундарна колекторска мрежа за фекална канализација во вкупна должина од околу 11 000 метри, како и два препумпни уреди. Примарната и секундарната канализација се планира преку потисен цевковод да се поврзе во веќе изградената пречистителна станица во н.м. Кадино. Оваа фекална канализација ги опфаќа домаќинствата од населеното место Кадино кои се наоѓаат на источниот и јужниот дел од ова населено место и во моментов тие немаат канализација. Проектната документација беше презентирана од страна на проектантската куќа пред градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, претставници на ЈКП „Водовод“-Илинден, како и стручни служби од општинската администрација. Со комплетирање на оваа проектна документација се создадени услови за имплементирање на овој проект што ќе се реализира во наредниот период.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија