Општина Центар – Скопје распишува Јавен повик за доделување на поединечна субвенција за жителите на Општина Центар – Скопје, за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година. Согласно Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар – Скопје за 2023 година (”Службен гласник на Општина Центар- Скопје” број 17/2022), Општина Центар – Скопје се грижи за поздрава животна средина и намален сообраќаен метеж – Полесно до дополнителна и заштитна опрема за велосипед, е- велосипед и е-тротинет!
Јавниот повик е отворен од 3.11.2023 година и ќе трае се до исцрпување на средствата што се предвидени во Буџетот на Општина Центар – Скопје, по принципот ,,прв дојден – прв услужен“.
Со Јавниот повик ќе се субвенционира 30% од цената за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет, но најмногу до 1.000 денари.
Секој полнолетен жител на Општина Центар што купил дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинет има право да аплицира на Јавниот повик, ретроактивно од 1.8.2023 година.
Потребни документи за аплицирање на Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција за жителите на Општина Центар – Скопје, за купување на дополнителна опрема, односно седишта за деца и/или кациги за велосипед, е-велосипед и е-тротинет во 2023 година се следниве:
- Барање за субвенција за купување на дополнителна опрема за велосипед, е-велосипед и е-торитинет (достапно во Архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр.6) и на веб- страницата на Општина Центар – Скопје www.centar.gov.mk)
- Копија од лична карта;
- Копија од трансакциска сметка;
- Фискална сметка во оригинал.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака бр.6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, почнувајќи од 3 ноември 2023 година.
Правото на субвенција е еднократно.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефонските броеви:
02/ 3203-600 и
02/ 3203-693
Барање-за-субвенција-на–е-велосипед-и-е-тротинет-2023 (1)
Извор: Општина Центар