spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Започна сезоната на Зелките

Карпош: Започна сезоната на Зелките

Во Општина Карпош започна  традиоционалниот пазар на зелките,  кој ќе трае еден месец. Локалната самоуправа на   мештаните- земјоделци од населбата Бардовци  и Злокуќани и  оваа година им обезбеди  времено користење на просторот кој ќе биде наменет за продажба на производи за претстојната сезона.

Ова населено место во Општина Карпош  е надалеку прочуено по производство и пласман на овој вид зеленчукова култура, и токму  во овој период, кога зелката е стасана како готов производ, локалната самоуправа им излегува во  пресрет на земјоделците и  на еден  поорганизиран начин го уредува просторот на кој се наоѓа пазарот за зелки.

Времениот пазар  е поставен на улицата „ Скупи“. Општината  сето ова го прави без паричен надоместок, сé со цел да се поттикне  локалната микро трговија и земјоделско производство.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте