spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал

Град Скопје: Изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал

Градот Скопје го реализира мега проектот за изградба, регулација и покривање на Усјанскиот канал со што се решава еден од најгорливите комунални и еколошки проблеми во градот.

 

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изврши увид во градежните работи за решавање на овој децениски проблем, кој е реализација на уште едно ветување од програмата За модерно Скопје.

– Со овој проект се разрешува еден од најголемите комунални и еколошки проблеми во Скопје, кој има директно  влијание на жителите кои со децении потенцираат дека овој канал претставува потенцијална опасност од ширење на заразни болести. Покривањето на овој канал пред локалните жители е ветувано со години, а сега овој проект е реалност. Посветено работиме да го исполниме даденото ветување пред граѓаните, зашто уредувањето на Усјанскиот канал е еден од централните проекти од програмата „За модерно Скопје“. – истакна денеска градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека проектот за регулација и покривање на Усјанскиот канал се реализира во неколку фази, а во првата фаза се гради, уредува и покрива каналот во должина од 1.300 метри. Тој ги собира атмосферските води од неколку суводолици од планината Водно, како и атмосферските води од повеќе атмосферски колектори од територијата на општините Кисела Вода и Аеродром.

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...