МЕ: Има голем простор за зголемување на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија

МинистерстваМЕ: Има голем простор за зголемување на економската соработка помеѓу Северна Македонија...

Најчитано

Министерот за економија Крешник Бектеши оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Mакедонија, Мартин Памер.

Министерот Бектеши му посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, како и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.

На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива.

Во последните 20 години Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во Северна Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена.

Вкупната трговска размена во периодот јануари – август 2023 година изнесува 170 милиони евра , што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период минатата година.

Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласија дека согласно податоците, има голем простор за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

 

 

Извор: Министерство за економија 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе