spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Со младински додаток ги поттикнуваме младите да се вклучуваат во производствена...

МТСП: Со младински додаток ги поттикнуваме младите да се вклучуваат во производствена дејност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  беше во посета на компанијата „Раде Кончар – ТЕП“ која беше добитник Националната Награда за компанија со најдобро имплементиран систем за Безбедност и здравје при работа за 2023 година.

 

Компанијата има 75 вработени од кои 23 се жени, а 7 се млади до 23 години.

Тренчевска при директен контакт со вработените до 23 години се информираше дека веќе 5 од нив се дел од младите кои се приматели на младинскиот додаток.

Младинскиот додаток се обезбедува со цел поттикнување на младите лица повеќе да се вклучуваат на пазарот на трудот во производствената дејност. Висината на младинскиот додаток е 3000 денари и е регулиран согласно Законот за младински додаток.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Кисела Вода: Ѓорѓиевски – Вандализмот е аларм, општокорисната работа може да...

0
Како ЗЕЛС, на последната седница на Управниот одбор, едногласно ја прифативме иницијативата на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и денес официјално ја доставуваме до...