spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССУправното тело на МОТ гласаше за барање решение од Меѓународниот суд за...

Управното тело на МОТ гласаше за барање решение од Меѓународниот суд за правда за правото на штрајк

Во клучната одлука, Управното тело на МОТ гласаше за барање решение од Меѓународниот суд за правда (МСП) за долгогодишниот спор меѓу претставниците на работниците и работодавачите поврзан со правото на штрајк.

 

Судската практика на МОТ ефективно значи дека правото на штрајк произлегува од меѓународното право од Конвенциите 87 (Слобода на здружување) и 98 (Право на организирање и колективно договарање) на МОТ.

 

Речиси 10 години во МОТ постоеше ќорсокак по прашањето меѓу претставниците на работниците, кои ја поддржуваат судската практика на МОТ, и претставниците на работодавачите. Според Уставот на МОТ, прашања како ова може да се испраќаат до Меѓународниот суд за правда.

 

На гласањето одржано на 10 ноември, 19 владини претставници на Управното тело гласаа заедно со 14-те делегати од страна на работниците за испраќање на прашањето до Меѓународниот суд за правда. Само седум владини претставници гласаа со групата на работодавачи, која исто така има 14 членови, додека двајца беа воздржани.

 

Генералниот секретар на ITUC, Лук Триангл, рече: „Правото на штрајк е основно за работниците да постигнат фер договор и, како што покажува историјата, за демократија. Ја поздравуваме оваа одлука и со нетрпение очекуваме да го поднесеме нашиот случај пред Меѓународниот суд за правда. Уверени сме дека овој процес ќе ја потврди децениската судска пракса на МОТ за правото на штрајк во меѓународното право“.

 

 

 

Извор: Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...