spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Забелешки на МП на Извештајот за работата на Јавните обвинителства на...

МП: Забелешки на МП на Извештајот за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија

 Во Извештајот за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија не постојат податоци за користењето на опремата за визуелно-тонско снимање на истражните дејствија т.е. снимање на испитувањето на обвинетите и сведоците, иако Законот за кривичната постапка ја уредува оваа можност, со цел поголема заштита на човековите права и обезбедување поголем степен на правна сигурност.

Воедно, спротивно на горе наведеното Извештајот за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија не содржи податоци за покренати дисциплински постапки ниту пак, за изречени дисциплински мерки. Со тоа, иако од повеќе меѓународни институции е нотирано дека јавните обвинители не ги почитуваат роковите за истражни постапки, во практиката не се констатирани дисциплински повреди за истото.

Денес до Владата на Република Северна Македонија е поднесен Извештајот за работата на Јавните обвинителства на Република Северна Македонија за 2022 година, подготвен од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. За овој извештај Министерството за правда утврди низа забелешки за кои испрати мислење.

Министерството за правда истакнува дека во доставениот Извештај не се наведени статистички податоци за времетраењето на истражните постапки. Во член 301 ставот 1 од Законот за кривичната постапка е уредено дека јавниот обвинител ја завршува истражната постапка кога ќе оцени дека состојбата на работите е доволно разјаснета за да може да подигне обвинение или да ја запре истражната постапка. Согласно ставот  2 од истиот член, ако истражната постапка не се заврши во рок од шест месеци од денот на донесување на наредба за спроведување на истражна постапка, јавниот обвинител е должен за тоа да го извести вишиот јавен обвинител, кој во сложени предмети може овој рок да го продолжи за уште шест месеци. По исклучок, овој рок може да се продолжи уште за три месеци од страна на јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

За кривични дела од областа на организираниот криминал рокот од ставот (2) на овој член може да биде продолжен за уште шест месеци од страна на јавниот обвинител на Република Македонија. Податоците за времетраењето на истражните постапки се од круцијално значење, со оглед на фактот дека во праксата овие рокови јавните обвинители ги сметаат како инструктивни рокови кои не се почитуваат, а истрагите се одовлекуваат. За долгото времетраење и за неажурноста на истрагите е констатирано и во Извештајот на Стејт Департментот на САД за човекови права за 2021 година каде што се наведува дека во постапките пред Јавното обвинителство истрагите траеле долго и засегнатите страни не биле информирани за статусот на предметите (стр.11).

          Исто така, во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2022 година е наведено дека  истражните центри при основните јавни обвинителства треба да се зајакнат за да ги постигнат своите цели за зголемување на ефикасноста на истрагите и подобрување на координацијата меѓу обвинителите, полицијата и другите релевантни тела (1.2 Резиме на извештајот стр.7). Понатаму, се наведува и дека се потребни дополнителни активности за да се обезбеди непристрасна, брза и ефективна истрага (стр.33).

Би сакале да истакнеме дека, во Извештајот не постојат податоци за користењето на опремата за визуелно-тонско снимање на истражните дејствија т.е. снимање на испитувањето на обвинетите и сведоците, иако Законот за кривичната постапка ја уредува оваа можност, со цел поголема заштита на човековите права и обезбедување поголем степен на правна сигурност.

      Воедно, спротивно на горе наведеното Извештајот за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија не содржи податоци за покренати дисциплински постапки ниту пак, за изречени дисциплински мерки. Со тоа, иако од повеќе меѓународни институции е нотирано дека јавните обвинители не ги почитуваат роковите за истражни постапки, во практиката не се констатирани дисциплински повреди за истото.

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте