Министерот за правда, Кренар Лога ја поздрави работната група и ја истакна неговата заложва за оваа група да биде автономна и процесот инклузивен, за што посочи дека членовите можат да поканат и други представници да дадат придонес, се со цел враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Во неговото обраќање, Министерот Лога истакна дека е потребна сеопфатна реформа на Судскиот совет која ќе се спроведува постепено, а не да се понудат инстантни решенија кои нема да дадат резултати и ќе ги блокираат правосудните институции.
На седницата се дискутираше за натамошните чекори на работната група до добивање на официјалниот извештај од Оценската мисија за Судски совет и се утврди методологијата за работа.
Извор: Министерство за правда