spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Во Виница одржана работилница “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”

АХВ: Во Виница одржана работилница “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”

Агенцијата за храна и ветеринарство одговори на барањето на стручните служби од Одделението за јавни дејности при Општина Виница за одржување на интерактивна работилница на тема “Безбедна и квалитетна храна за најмалите”. На работилницата која се одржа во детската градинка “Гоце Делчев” во Општина Виница, учествуваа 80 лица од вработениот персонал во градинките и родители на деца.

Стручниот тим на Агенцијата презентираше теми кои се однесуваат на улога на вработениот персонал во кујните, улогата на родителот, можни опасности во храна, сомнеж при труење, интегриран пристап во справување при евентуални труења, стандарди за исхрана, алергени во храна, статистички податоци за бројот на труења во Македонија и Европа. Објаснета беше и улогата на Агенцијата за храна и ветеринарство како орган на државната управа и незините надлежности, бесплатната линија за потрошувачи на АХВ, а презентирани беа и стручни публикации кои ги издава АХВ.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...