spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: „Бидете херои на чесноста“ во ООУ „Кирил и Методиј“ – Струмица:...

ДКСК: „Бидете херои на чесноста“ во ООУ „Кирил и Методиј“ – Струмица: Значењето на борбата против корупцијата се учи од најмали нозе

Суштината на личниот интегритет и важноста на борбата против корупцијата се основните начела кои треба да се вкоренат во свеста на децата, со цел тие да прераснат во поединци кои ќе го разберат значењето на правилното функционирање и дејствување во едно општество. Препознавајќи ја важноста за тоа, ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Дабиљa, Струмица, се вклучи во едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“.

Нагласувајќи го значењето на кампањата, директорот на ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Дабиљa, Струмица Васил Бубев истакна дека нивната главна цел како образовна институција, покрај стекнувањето знаење, е и нивните ученици да научат вештини кои ќе ги оформат во лица кои ќе носат суштински општествени промени.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, осврнувајќи се на нивното дејствување, посочи дека значењето на нивната „борба“ треба да се предочи пред помладите генерации, бидејќи само така ќе се случат радикални промени кои се од клучно значење.

Кампањата има за цел одблиску да им се прикажат на децата негативните влијанија од коруптивните потфати и штетите кои ги предизвикуваат. Исто така, целта е тие, како поединци да имаат нулта толеранција кон луѓето кои подведуваат на корупција, а со тоа и да ги охрабрат да пријавуваат какво било коруптивно дејство.

Од Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје ја потенцираа важноста од искоренувањето на корупцијата, посочувајќи дека за да се постигне успех, мора да се работи во сите сфери, како со децата, така и со возрасните.

За успешноста на кампањата се грижат и актерите Игор Ангелов и Фисник Зекри, кои на начин близок до учениците ги презентираат лошите страни на корупцијата и добрите страни на одговорноста и чесноста.  За сценариото е задолжена Елеонора Венинова, која на вешт начин на дечињата им ја спојува забавата и едукацијата.

Начинот на кој се води едукативната кампања „Бидете херои на чесноста“, создава „херои“ кои засекогаш ќе ги запаметат пораките кои им се упатени и ќе ја надградат личната, а со тоа и колективната совест.

 

Кампањата е предводена од страна на ДКСК и е дел од Активност за антикорупција и интегритет, проект што ја спроведува ИФЕС во Скопје, со финансиска поддршка од УСАИД.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...