HomeОпштиниГрад Скопје: Управен одбор на Глобалниот парламент на градоначалници

Град Скопје: Управен одбор на Глобалниот парламент на градоначалници

spot_img
spot_img

Во Скопје пристигнаа градоначалници од 5 континенти, кои ја одржаа седницата на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници со цел носење на стратешките заклучоци пред почетокот на годишниот самит.

Со размена на меѓународни искуства, меѓусебна соработка и заеднички проекти, градоначалниците преку глобалната платформа на Глобалниот парламент на градоначалници, се придонесува за надминување на предизвиците и подобрување на услугите на локално ниво во интерес на граѓаните.

 

Годинава, Самитот на Глобалниот парламент на градоначалници чиј домаќин е Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, ја додели престижната награда за глобални градови „Бенџамин Барбер“ на градоначалничката Рохеј Малик Лоу од Банџул, Гамбија.

 

Со наградата Бенџамин Барбер се оддава признание на градоначалниците за нивниот исклучителен придонес во глобално урбано управување и инспиративно лидерство.

Членовите на Управниот одбор на Глобалниот парламент на градоначалници, предводени од домаќинот градоначалничката на Град Скопје, пред почетокот на Самитот, остварија средба со Претседателот Стево Пендаровски, на која беа разменети мислења и ставови за значењето на претстојниот настан кој има глобален карактер.

 

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија