HomeОпштиниАеродром ќе блесне во новогодишни бои, започнаа подготовките за новогодишно украсување на...

Аеродром ќе блесне во новогодишни бои, започнаа подготовките за новогодишно украсување на општината

spot_img
spot_img

На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги започна подготовките за новогодишното украсување со што општината кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик. Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување.

Новогодишното украсување на општината вклучува поставување и украсување на централна новогодишна, украсување на четири помали новогодишни елки, поставување светлосна фонтана и светлосен тунел, како и украсување со новогодишни украси и сијалички на неколку локации во општината.

Согласно плановите на општината, новогодишно украсување ќе биде поставено на парковите „Јане Сандански“, „Тоше Проески“, „Бановина“, „Мичурин“, „Бисер“, „Палма“ и паркот „Авионче“, како и улицата „Островска“ и кружниот тек на улицата „Коста Новаковиќ“.

Дополнително, општината подготви и предновогодишен настан кој ќе трае три дена, а на кој ќе настапат домашниот и регионални музички артисти.

Со новогодишното украсување Општина Аеродром го следи примерот на модерните европски градови, каде со новогодишните декорации и светилки се означува почетокот на новата година. Очекуваме, новогодишното украсување и предновогодишниот настан да донесат празнична атмосфера во Аеродром и да бидат причина за радост и среќа кај граѓаните кои живеат тука.

 

 

Извор: Општина Аеродром

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија