На ден 08.11.2023 година, во просториите на Општина Валандово, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Валандово.
Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Валандово Гуна Маркova од едната страна и Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов од другата страна.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Валандово усогласување на платите, исплата на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 60%, право на јубилејна награда за 10, 20, 30 и 40 години но и можност за исплата на 13-та плата.
Извор: УПОЗ