spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиПротест на јавно обвинителската служба

Протест на јавно обвинителската служба

После повеќе од месец и половина штрајк, вработените во Јавно обвинителската служба се пред Влада, од проста причина што функционерите од Владата, не си ги почитуваат заклучоците кои се носат на седница на Влада.

Со заклучок на Владата, беше формирана работна група за преговори на чело со Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

После две одржани средби со работната група, од другата страна има само молк.

За да покажеме добра волја, штрајкот беше ставен и во мирување по втората средба, но и тоа очигледно не беше доволно да се задоволи ароганцијата, на другата страна, па како по обичај сега се игнорираат сите наши барања, преговорите да продолжат иако на преговорите и претставниците на владата се уверија дека нашите барања се повеќе од издржани.

Во меѓувреме, Владата го донесе Буџетот за 2024 година, кој по се изгледа не предвидува ништо за вработените во обвинителствата.

Министерството за финансии и покрај обврската во Гранскиот колективен договор, и ветувањето на Министерот за финансии, дека буџетот пред да се одобри од Владата, ќе се разгледува на Економско социјалниот совет, повторно си скрои Буџет без претставници на Синдикатот на УПОЗ.

Не знам дали претставниците на Владата, се свесни и знаат дека тие се на функции, бидејќи некој гласал за нив.
Не знaеме дали знаат, дека имаат обврска да преговараат со Синдикатите за барањата на вработените, а не да се кријат, да не игнорираат и да покажуваат ароганција.

Вработените од обвинителствата продолжуваат со штрајкот.

Од денес па натаму, вработените во обвинителствата секој ден ќе излегуваат на протести пред Владата, и Собранието на Р. Македонија, а на крајот на идната недела Синдикатот на УПОЗ ќе организира протест пред Собранието на Р. Македонија на кој ќе присуствуваа вработените од обвинителствата, судовите, органите на државната управа, а ги покануваме и сите други Синдикати да земат учество и да им порачаме на пратениците дека не смее да се изгласа Буџетот за 2024.

 

 

 

 

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте