HomeОпштиниКарпош: Две први и две трети награди за учениците од ООУ Владо...

Карпош: Две први и две трети награди за учениците од ООУ Владо Тасевски на регионалниот натпревар по Македонски јазик

spot_img
spot_img

Тоа што нѐ прави поинакви, што е одраз на нашата душа, што прави да бидеме ние, а не некој друг е нашиот јазик. Делата напишани со него се нашето богатство, нашето наследство.

На регионалниот натпревар по македонски јазик и литература организиран од Сојузот на Друштвата по македонски јазик на Р. Македонија (со акредитација од МОН) одржан на 18.11.2023 на Филолошки факултет „Блаже Конески“ учениците од ООУ „Владо Тасевски“ постигнаа одлични резултати. Ученичките Ана Темјановска и Анастасија Ристевска од 7 одделение, освоија први места, со најмногу бодови од регион Скопје, одлични резултати имаат и Камелија Стоев и Софија Крстева од 9 одделение, кои се пласираа на трето место. Учениците кои успешно се претставија на регионалниот натпревар под менторство на наставникот по македонски јазик Соња Деловска продолжуваат на државен натпревар. Браво ученици!

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија