spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Капиталните инвестиции на Владата и поддршката на проекти го подобруваат животот...

МЗШВ: Капиталните инвестиции на Владата и поддршката на проекти го подобруваат животот на граѓаните во битолскиот регион

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера беа во работна посета на Битола, каде направија увид во капитални инвестиции и остварија средби со граѓани корисници на ИПАРД програмата и годишната Програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата.

При посетата на објектот на СВР Битола, еден од петте реконструирани објекти во изминатите шест години, кои беа со децении запоставени, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека динамиката на капиталните инвестиции во ресорот МВР преку реконструкции и изградба на објекти во изминатиов период резултирал со 80 реновирани енергетски ефикасни објекти на МВР низ државата, во кои се вложени 8 милиони евра, но и три нови, од темел градени објекти.

„Она што е примарно за сите посочени пет објекти за кои издвоивме средства во вкупен износ од 45 милиони денари, според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик, е што тие навистина целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските службеници и служби, но се во интерес и на граѓаните кои ги остваруваат своите граѓански права и должности во нив. Притоа се водевме од потребата за домаќинско, економично трошење, како на вложените средства, така и во поглед на користењето материјали кои што ќе гарантираат енергетска ефикасност и заштеди на енергенси, но и заштита на животната средина“, додаде министерот Спасовски посочувајќи дека сето ова придонесува за зголемена ефикасност кај полицијата и континуирано намалување на криминалитетот.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски при посетата на уште еден во низата успешни ИПАРД корисници, компанијата Флора Фреш, рече дека преку повеќе конкретни мерки изминативе години Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство покажаа дека сме искрен партнер на земјоделците, водејќи искрена грижа за секој еден земјоделец, потенцирајќи дека Битола и битолчани тоа можат да го потврдат.

„Компанијата Флора Фреш на 25 хектари земјоделско земјиште одгледува овошни садници на јаболка, круша и цреша, а со поддршка од ИПАРД 2 програмата преку мерката 1 набавиле опрема во вредност од 4.480.876 денари“, рече Николовски.
Тој исто така напомена дека преку Националната програма за рурален развој се вложува и во подобрување на условите за живот во руралните средини.

Преку мерката 321-„Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини“, директно помагаме во подобрување на условите за живот во руралните средни. Изминативе години преку оваа мерка поддржавме околу 200 капитални инвестиции низ целата држава, во вкупна вредност од 40 милиони евра. Вложувајќи во секое едно населено место, за подобар живот на нашите граѓани во руралните средини, додаде Николовски.

Во рамки на работната посета во Битола министрите ја посетија и битолската Магаза остварија средба со корисниците на средства преку Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес во културата и преку конкурсот „Цртај на македонски“, на кој министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска посочи дека во Битола вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, се должи на големиот број поддржани проекти на конкурсите на Министерството за култура како и на активното и успешно работење на националните установи, но и на здруженијата и поединци од градот.

„Над 86 милиони денари се вложени само за поддршка на програмите на Националните установи во Битола, а со скоро 7 милиони денари беа поддржани другите корисници за проекти, меѓу кои и младите уметници на конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 на моја иницијатива за да се афирмираат кирилицата и македонскиот јазик, посочи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека Министерството за култура ќе продолжи да вложува во младите и да ги препознава нивните иновативни идеи за афирмација на нашата култура и традиција.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...