spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Меѓународната заедница со поддршка во напорите за овозможување на правото на...

МОН: Меѓународната заедница со поддршка во напорите за овозможување на правото на мајчин јазик на секое дете

Министерството за образование и наука и Меѓународната заедница имаат идентичен став кога е во прашање овозможувањето на правото на образование на мајчин јазик и тоа во своето место на живеење. Секое дете заслужува да се едуцира на јазикот кој најдобро го познава, бидејќи така воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен.

Ова беше потврдено на денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири со претставници на повеќе меѓународни организации – УНИЦЕФ, УСАИД, УНДП, Делегацијата на ЕУ во Скопје и Светска банка, кои долги години наназад се партнери на државата во напорите за унапредување на националниот образовен систем и обезбедување на повеќе образовни права и можности за граѓаните.

На средбата, министерот Шаќири ги информираше присутните за два актуелни случаја со попречување на правото на образование на мајчин јазик во општините Гази Баба и Чашка, каде групи на граѓани поттикнати од центри на политичка моќ протестираат против одлуките на Министерството за образование и наука за овозможување на правото на образование на мајчин јазик на ученици во две основни училишта.

Шаќири посочи дека во општина Гази Баба се попречува правото на учениците од шесто до деветто одделение да следат настава на албански наставен јазик во ОУ „Његош“ кое се наоѓа во нивното место на живеење и поради тоа е најдено привремено решение со следење на настава во друга општина. Додека во општина Чашка се реагира на отворањето на паралелка на албански наставен јазик за првачиња во ОУ „Тодор Јанев“, кои исто така живеат во околината на училиштето.

Претставниците на меѓународните организации посочија дека законите во државата мора да се спроведуваат и изразија поддршка на донесените одлуки од страна на министерот – засегнатите ученици да следат настава не само на мајчин јазик, туку тоа да биде и во нивното место на живеење. Ова, како што беше истакнато е едно од основните начела на кои се темели процесот на оптимизација на училишната мрежа со кој преку правилно искористување на расположливите ресурси ќе се обезбеди поквалитетен воспитно – образовен процес.

МОН со поддршка од меѓународната заедница, продолжува успешно да ја остварува својата мисија за унапредување на образованието и за обезбедување на повеќе образовни права и можности за граѓаните.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЈА: Лазе Јаќимоски ја презеде функцијата Заменик – Министер за Јавна...

0
Во просториите на Министерството за Јавна Администрација денес беше извршено примопредавање на должноста Заменик - Министер за Јавна администрација. Министерот за Јавна администрација, Горан Минчев, заедно со поранешниот Заменик - Министер на Министерството...