spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој како сите граѓани...

МТСП: Лицата со попреченост заслужуваат подеднакво можности за развој како сите граѓани во државата, затоа оваа Влада континуирано вложува во социјалната заштита

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ го посетија Дневниот центар „ЕДУ Практика“ во Општина Струмица.

 

 

 

Премиерот Ковачевски информираше за бројот на центри за лица со попреченост во државата, тој посочи дека моментално има 35 државни дневни центри и 8 дневни центри во кои работат лиценцирани даватели на социјални услуги. Премиерот се осврна и на процесот на деинституционализација во државата како дел од заложбите за инклузија на оваа Влада.

 

 

„Уште во 2017 година, го почнавме процесот на деинституционализација, државата вложи големи средства за отворање на нови мали групни домови. Со тоа овозможивме 24 часовна поддршка за лицата со попреченост, и можност да растат и да се развиваат во хумани услови. Донесовме нов закон за социјална заштита на лицата со попреченост, со кој им овозможивме на овие наши граѓани да добиваат нови социјални услуги како поддршка за развојот во процесот на социјална инклузија во заедницата каде живеат. Владата која ја предводам, креира системски решенија кои даваат резултати на долг рок. Изградивме систем на социјална заштита што ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат најранливите категории на граѓани. Обезбедивме средства за редовна исплата на правата од социјална и детска заштита и дополнителна финансиска поддршка “ рече Ковачевски.

 

 

Тренчевска во своето обраќање потенцираше дека центарот „ЕДУ Практика“ е дел од социјалната реформа која ја донесе Владата во 2019та година.

 

„Дневениот центар „ЕДУ Практика“ во кој сме денес е токму дел на социјалната реформа. Сакам да потенцирам дека преку Проектот се овозможени различни видови на услуги, како што се помош и нега во домот, услуги за активно стареење, услуги за престој на лица со попреченост со индивидуални третмани, услуги за рехабилитација и ресоцијализација и лична асистенција, преку кои на повеќе од 1200 корисници им е значително подобрен квалитетот на живот.

 

 

Центарот за дневен престој на деца со попреченост со индивидуален третман е трет ваков во државата кој обезбедува поддршка на родителите на деца со попреченост и кој со своите активностите придонесува кон развој на децата. Toj е наменет за 44 деца со попреченост на возраст од 3 до 14 години.Ова е прв центар кој ги спојува дневниот престој и индувидуалниот третман, а вклучувањето на двете услуги има повеќе аспектно позитивно влијание врз децата со попреченост“ изјави Тренчевска.

 

 

Министерката истакна дека пораките од родителите на децата кои се корисници на центарот се навистина охрабрувачки и дека секоја средба е исполнета со дискусија која го утврдува напредокот на децата во изминатите неколку месеци.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...