spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога - Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека...

МП: Лога – Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.

„Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и  правдата ќе излезе на виделина” рече Лога.

Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува  а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.

„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотната казна затвор е најмала казмна што треба да ја изречат нашите институции” изјави Лога.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна...