spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: На ЕНЕР е објавен Нацрт законот за заштитено пријавување и заштита...

МП: На ЕНЕР е објавен Нацрт законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи

Заради усогласување со ЕУ Директивата 2019/1937 и надминување на недостатоците во Законот за заштита на укажувачи подготвен е Нацрт-закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. Нацрт-законот е објавен на ЕНЕР заради спроведување на јавната консултација.

Ве повикуваме да учествувате во процесот и до 24 декември 2023 година до Министерството за правда (адреса за е-пошта: mpsorabotka@mjustice.gov.mk) да доставите коментари и предлози за подобрување на текстот кој како предлог на закон се превидува да се достави до Владата.

Нацрт-законот содржи одредби за надминување на идентификувани недостатоци кои придонесуваат за незадоволителна примена на Законот за заштита на укажувачи.

Со него е предвиден  широк персонален опфат и материјален опфат на заштитеното пријавување, се проширува и опфатот на лица со право да бараат заштита од одмазда (поради обид или извршено заштитено пријавување или укажување), а се рационализира опфатот на субјектите во јавниот и приватниот сектор за кои се предвидува обврска да воспостават канал за заштитено внатрешно пријавување.

Законот содржи  одредби за обезбедување пристапност и достапност на заштитеното пријавување, со пристап заснован на човековите права.

Покрај тоа, вградени се одредби за обезбедување непреченост и независност во работата на овластените лица за прием на пријави од укажувачи и за уредување на постапувањето по примените пријави од укажувачи, како и и одредби за ефективен надзор и редовна оценка на спроведувањето на законот, за да се следи остварувањето на неговите цели – заштита на јавниот интерес, преку овозможување, олеснување и охрабрување на заштитеното пријавување.

 

Со почит

Министерство за правда

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна...