spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Презентaција на проектната документација на еко-решение за одбраниот проект од ...

АМС: Презентaција на проектната документација на еко-решение за одбраниот проект од младите во Гевгелија

Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на младите и за јакнење на демократските капацитети во нивната заедница. Младите треба да бидат активни и ангажирани затоа што нивното учество го гледаме како дел од решенијата за подобар и побезбеден свет.

Земајки ги во предвид специфичните потреби, барања и интереси на младите од локалната заедница Агенцијата за млади и спорт преку реализација на проектот “Поддршка на младинското учество во животната средина и климатските промени ” финансиски поддржан од УНИЦЕФ , во соработка со Општина Гевгелија, Службеникот за млади и Локалниот младински совет на 5.12.2023 во Народен Театар Гевгелија  го презентираше предлог(нацрт) на еко-решението за поставување на паметни смарт еко клупи  на 4 локации во градот, предлог одбран од страна на младите на еко-работилницата која беше одржана на 6.10.2023.

 

Проектот беше поздравен од страна на сите присутни, а Претседателот на Советот на Општина Гевгелија г-динот Патрик Матх кажа дека лично и професионално ќе се заложи овој проект кој е произлезен од страна на младите да биде реализиран во текот на наредната година.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МЖСПП: Функцијата заменик-министер за животна средина ја презема Ане Лашкоска

0
Денес во Министерството за за животна средина и просторно планирање, беше извршено официјално примопредавање на должноста заменик министер за животна средина и просторно планирање. Ане...