spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими - Обезбедени над 700 милиони евра за развојни проекти и...

МФ: Бесими – Обезбедени над 700 милиони евра за развојни проекти и реформи од нашите партнери и со прераспределба на буџетски средства

Над 700 милиони евра се обезбедени средства за реализација на развојни проекти и реформи. Од Светска банка 93,8 милиони евра за развојни политики за одржливост и отпорност, 50 милиони евра од Француската развојна банка за зелени и социјални инвестиции. Од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за железничката пруга од Коридорот 8 кон Бугарија 499 милиони евра и 60 милиони евра ИПА програма, како и  7,5 милиони евра од ЕБОР и ЕУ за заеднички железнички граничен премин на Табановце, со Република Србија.

Ова се дел од обезбедените средства за реализација на значајни капитални проекти и реформи со цел обезбедување одржлив економски раст, а за кои во Собранието беа усвоени законските решенија. Дополнително на ова со направени заштеди на непродуктивни трошоци се обезбедени дополнителни средства за капитални проекти во рамки на Буџетот.

„Најавивме реализација на значаен инвестициски циклус во земјава и спроведување реформи кои ќе значат просперитет и економски раст. Ова се конкретни чекори кои Владата и Министерството за финансии ги презеде во обезбедување средства за остварување на поставениот приоритет, а кои се заокружија со донесување на законите во Собранието“, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Собранието вчера ги усвои законите за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за развојни политики за одржливост и отпорност, Закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем кој ќе се склучи меѓу Француската агенција за развој и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, за заем на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансирање на зелени и општествено одговорни инвестиции, Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Финансискиот договор за Железничкиот Коридор VIII – источна делница МК, делница Крива Паланка – граница меѓу Северна Македонија и Бугарија, Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Железничкиот Коридор VIII – Фаза 3, делница од Крива Паланка до граница со Република Бугарија, како и Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Проектот за заеднички железнички граничен премин – Табановце. За реализација на овој проектот за железничката пруга кон Бугарија и заедничкиот железнички премин на Табановце е обезбеден и грант од ЕУ.

Исто така, повеќе средства за реализација на капитални проекти се обезбедени и со вчера донесената во Собрание одлука за прераспределба на средства во Буџетот за 2023 година.

Со Одлуката се обезбедуваат дополнителни 800 милиони денари за државна помош на компании и инфраструктурно уредување на зоните од кои 400 милиони денари за домашни компании, 100 милиони за компании во ТИРЗ и 300 милиони денари за инфраструктурно уредување на зоните, дополнителни 200 милиони денари за земјоделски субвенции, 170 милиони денари за капитални објекти во областа на културата, 150 милиони денари за Пречистителната станица во Скопје, 150 милиони денари за реконструкција на владини институции, 120 милиони денари за изградба на социјални станови, 80 милиони денари за изградба на локални патишта.

Со одлуката, исто така, се обезбедени дополнителни 130 милиони денари за исплата на студентски оброк и стипендии и партиципација за ученички и студентски домови, 50 милиони денари за исплата на социјални надоместоци и правото на образовен додаток, 120 милиони денари за подмирување на приоритетните потреби кај одредени буџетски корисници – Агенција за млади и спорт, Дирекција за заштита и спасување, Управа за извршување на санкции, Министерство за локална самоуправа и слично.

Покрај поддршка на развојот, со одлуката се распределени средства и за справување со кризата, односно за мерките од 9-от пакет антикризни мерки во износ од 1,8 милијарди денари.

Според министерот за финансии клучно што сето ова е направено со останување на определбата за понатамошна фискална консолидација, односно со заштеди од непродуктивни трошења.

„Со Одлуката обезбедуваме дополнителни средства за утврдените приоритетни потреби, а притоа буџетскиот дефицит останува ист, непроменет во номинален износ, со што се докажува посветеноста кон постепена фискална консолидација, особено и поради фактот што со оваа Одлука, износот на тековни расходи се намалува, а износот на капитални расходи се зголемува, споредено со претходната Одлука од септември 2023 година“, рече Бесими.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЕТ: Континуитетот на зголемување на соработката со Чешка е наш приоритет

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работна средба со амбасадорот на Чешката Република во Северна Македонија, Јарослав Лудва. На средбата беше констатирано...