spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Одбранбен геополитички штит за одбрана на либералната демократија преку забрзана евроинтеграција...

МНР: Одбранбен геополитички штит за одбрана на либералната демократија преку забрзана евроинтеграција на регионот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, учествуваше на дискусијата, организирана од страна на Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) на тема „Како да се убедат Европејците за проширувањето на ЕУ“. Како повод на дискусијата, на која Османи учествуваше заедно со Лике Фрис, копретседавач со ЕЦФР и директор на данскиот тинк-тенк Еуропа и Енѓељуше Морина, виш политички аналитичар на ЕЦФР, е истражувањето на ЕЦФР, кое е објавено денес, а спроведено во шест земји членки на ЕУ (Германија, Франција, Данска, Австрија, Полска, Романија) пред овонеделниот Самитот на Унијата на кој ќе се расправа за проширувањето.

„Денес, повеќе од кога и да е, постои геополитички императив за проширувањето на ЕУ. Да не заборавиме дека и Балканот е на „линијата на огнот“ бранејќи ги либералните вредности на Западот, истовремено, станувајќи мета на странски малигни влијанија со далекусежни последици за целиот европски континент. Затоа пристапот на ЕУ треба да се преиспита и да овозможи забрзан ЕУ процес со непосредни и опипливи придобивки за оние кандидати кои ги исполнуваат условите. Со овој чекор, ЕУ ќе започне да гради одбранбен геополитички штит за одбрана на сопствената демократија преку вклучување на преостанатите земји од Југоисточна Европа“, истакна Османи.

Осврнувајќи се на истражувањето на јавното мислење во земјите членки на ЕУ, министерот Османи упати повик до лидерите на ЕУ, но и до земјите кандидати, со заеднички напори, да се убедат граѓаните и пошироката европска јавност во нивниот сопствен интерес од влезот на идните земји членки.

Османи ги сподели и резултатите од истражувањата на јавното мислење во нашата држава, подвлекувајќи дека долготрајноста на евроинтеграцискиот процес и претходните услови од билатерална природа доведоа до надолен тренд на поддршката на нашите граѓани за пристапувањето во ЕУ. Во тој контекст, Османи ја презентираше тезата дека одолговлекувањето на пристапниот процес има негативни последици по социјалната динамика, при што ефектот од забавената ЕУ интеграција раѓа тнр. „развојна зависност“ меѓу преговорите и реформите, со негативен предзнак.

„Загрижувачкиот тренд треба да се избегне со промена на наративот, но и со правилата на игра. Наместо фокусот да ни е насочен кон членството како краен исход, ЕУ треба да им понуди на нашите граѓани што е можно повеќе среднорочни цели и опипливи придобивки – затоа се залагам за поголема интеграција пред членство како наш одговор на концептот на постепена интеграција“, посочи Османи.

Воедно предочи дека овој концепт на етапно пристапување, за кој се дебатира во сите европски метрополи и во Брисел, неопходно е да се материјализира во одлуките на Советот следните денови и да почне да се спроведува. Основниот пакет подразбира најмалку присуство на секторските состаноци на Советот на ЕУ без право на глас (статус на набљудувач) и учество на Единствениот пазар, како и достапност до структурните и кохезиските фондови на ЕУ.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...