spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Соопштение

Карпош: Соопштение

За жал во Советот на општина Карпош има советници, сезнајковци, кои неуспехот во својата кариера се обидуваат да го компензираат со фрустрации во Советот на општина Карпош.

Таков е советникот од ВМРО ДПМНЕ Роберт Вељановски, глумец по занимање кои четири години не глуми а зема плата од државата. Енормното слободно време го компензира со мудрување во општина Карпош.

Недоволниот професионален ангажман го надоместува со обидите да се направи експерт дури и за канализации, кажувајќи небулози дека главниот проблем за проектот Алумина била канализацијата со Ф400. Истиот нема поим дека Алумина се наоѓа во непосредна близина на колекторскиот систем кој е Ф700.
Инаку тој кажува дека не верувал никому а посебно на градоначалникот Јакимовски. За градоначалникот Јакимовски е најважно што ја ужива довербата во граѓаните, а овој советник и неговата дружина се познати по тоа што не веруваат никому. Тие не веруваат на Данела Арсова, не му веруваат на Жозеп Борељ, на Јенс Столтенберг, на Џејмс О’Брајeн, на амбасадорката Анџела Агелер, на претставникот на ЕУ Дејвид Гир, но веруваат само во Мицкоски.

Вербата во овој деструктивен елемент создава впечаток како да овие луѓе се урочени од некоја бајачка, па не веруваат во ниту еден проект во ниту една градба во општина Карпош, и наместо во црква, се крстат и се клањаат само во барокното здание што се вика Бела Палата. Нивната верба е лажниот барок, како што е лажен нивниот патриотизам, како што се лажни нивната борба против криминалот и нивните политики, а белото здание е вистински пример дека се лажни заштитници од бетонизацијата и борци за зелени површини, беспрекорни фолиранти за наводна грижа за граѓаните.

На сите ни е јасно дека нивна единствена грижа е како да се докопаат до власт не бирајќи притоа средства и методи злоупотребувајќи и болни луѓе, злоупотребувајќи и смрт на деца, само да покажат дека тие се вистинските. За среќа сите ние го имаме нивното вистинско лице а тоа е осумкатното бело здание наречено Бела Палата.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, мај 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2024 година, во однос на мај 2023...