HomeМинистерстваМП: Средба Лога-Нојкрих

МП: Средба Лога-Нојкрих

spot_img
spot_img

Соработката со Министерството за правда , проектите што ги спроведува Советот на Европа и реформската агенда беа во фокусот на разговорите на министерот за правда Кренар Лога со Клаус Нојкрих,директор за координација на програми во рамки на Советот на Европа.

Зајакнување на правдата, борбата против корупцијата, промовирање на антидискриминација и заштита на правата на ранливите групи,  поефикасен систем на бесплатна правна помош, зајакнување на капацитетите на казнено поправниот систем во Република Северна Македонија, се само дел од областите на кои интензивно ќе се работи во наредниот период .

Министерот за правда Кренар Лога информираше за активностите на Министерството за обезбедување на полесен пристап до правдата преку отворање на канцеларии за бесплатна правна помош за ранливите категории во повеќе општини.

Во периодот кој следи најголем предизвик ќе биде затворскиот систем и подобрување на условите за издржување на казните.

 

 

Извор: Министерство за правда 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија