spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски за ТВ 24: Владата води одговорна економска политика која дава резултати

Ковачевски за ТВ 24: Владата води одговорна економска политика која дава резултати

Владата води исклучително стабилна фискална и монетарна политика, економските политики даваат резултати, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Во интервјуто, премиерот Ковачевски потенцира дека резултатите од економските владини политики се видливи, зголемени се платите, пензиите, намалена е инфлацијата.

„Минималната плата е зголемена за 100% во однос на она што беше во 2016 година, просечната плата е скоро 38.000 денари, ветувањата беше 500 евра, а веќе е 615 евра. Тоа било незамисливо. Стапката на невработеност од 26% денеска е 13% на крајот на идната година ќе биде 11% можеби и 10,5%. Ние во 2025 година за прв пат во историјата ќе влеземе во едноцифрена стапка на невработеност. Стапката на инфлацијата од 20% ја намаливме скоро 7 пати сега е веќе 3,1%, инфлацијата на храна 1%“, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот се осврна и на најновиот деветти пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, со кој што се опфатени над 400.000 граѓани од најранливите категории, како и 180.000 пензионери кои ќе добијат помош од буџетот во услови на криза.

„Сите пензионери кои што имаат пензии до 14.000 денари ќе добиваат во наредните 5 месеци по 3.000 денари, тие со пензии од 14.000 до 16.0000 денари ќе добијат по 2.000 денари и оние со пензии од 16.000 до 19.000 денари по 1.500 денари. Тоа е одлична помош од буџетот за пензионерите во услови на криза“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервјуто.

Тој додаде и дека цената на електричната енергија останува субвенционирана 90%, но и дека е вратена евтината дневна тарифа која е од големо значење.

„Антикризни мерки има за сите оние ранливи категории на граѓани, самохрани родители, лица со попреченост, приматели на помош. За прв пат финансиска помош добиваат и студентите, средношколците и основците, за прв пат е воведен студентски оброк за студентите. Тоа се работи кои што не постоеле. Мерките се таргетирани и ги  таргетираат оние кои што имаат помалку во општеството, тоа е Социјалдемократска политика“, порача премиерот Ковачевски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте