spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери

Охрид: Изложба на необјавени портрети на македонски револуционери

Во организација на општина Охрид  на 22.12.2023 година (петок)  во очи на одбележувањето на годишнината од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев, активен и влијателен учесник во делувањето на внатрешната револуционерна организација, во Спомен- куќата на Христо Узунов со почеток во 19.00 часот  ќе биде отворена изложбата Лица на револуциијата : Изложба на необјавени портрети  на македонски револуционери односно, Лица на револуцијата:

„Внатрешната македонска револуционерна организација низ фотографии,1893-1934“ – изложба која одбележува и три јубилеи : 120  години  од смртта на Гоце Делчев, 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на Внатрешната Македонска Револуционерна организација.

Во основата на изложбата лежи една цела ризница на ретки и невидени фотографии, педантно собрани во текот на една цела деценија од колекционерите Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски. Нивната страст за историјата и фотографијата, заедно со немилосрдната потрага по историски артефакти, кулминира со изложба која несомнено ќе остави траен белег и кај македонската и кај меѓународната публика, како и меѓу научна јавност која го проучува периодот на револуционерните движења и борбата за слобода на македонскиот народ од крајот на XIX и првата половина на XX век.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид

 

Прочитајте

УЈП: Контакт Центарот вашата точка за дирекна комуникација

0
Почитувани даночни обврзници, Во контекст на нашата посветеност кон транспарентна и блиска комуникација со Вас, а по пристигнатите информации за неусогласени состојби во врска со...