spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Усвоен Буџетот за 2024 година

Илинден: Усвоен Буџетот за 2024 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2024 година, со вкупна вредност од 465.636.000 денари или приближно 7,6 милиони евра.

Анализата на приходите и расходите на Општината во буџетот за минатите години и планираните реални приходи  за 2024 година се земени како основа во проектирањето на Буџетот на Општина Илинден, со развојна компонента при што е применет  партиципативниот принцип на буџетирање, како и следење на реалните потреби и барања на локалната заедница при дефинирање на програмите за развој.

Посебен акцент во основниот буџет за 2024 година во износ од 184.276.000,00 денари е ставен на капиталните расходи кои завземаат 40 % од планираните средства во вкупниот буџет,  додека капиталните расходи во основниот буџет изнесуваат 64,5 %.

Значителен дел од капиталните расходи се планирани во програмата за изградба и реконструкција на локални улици и патишта, односно се  планира за подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура), подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони и одржување на постојната патна инфраструктура. За капитални расходи во образование и детска градинка наменети се средства за реконструкција на постојните училишта, доградба на детската градинка и изградба на нов спортски терен кај средното училиште во општината, во делот на здраството и здраствената заштита предвидена е изградба на здраствен дом.

Во делот на заштита на животната средина планирани се средства за изградба на фекална канализација и пречистителни станици, чистење на одводни канали и речни корита, одржување хигиена на јавни површини, одржување, уредување и проширување на јавните зелени површини и пошумување.

За поттикнување на заштитата на животната средина планирани се субвенции за велосипеди, инвертер клими и соларни панели. Продолжува програмата за финансиска помош за секое новороденче, субвенции за мотивација на индивидуални спортисти и културни работници, изградба на детски забавни паркови и трим патеки, изградба на мултифункционално игралиште со атлетска патека, реконструкција и санација на спортските терени, како и финансиска поддршка за млади претприемачи.

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте