spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Средба на министерот Николовски со избраните компании консултанти при изградбата на...

МЗШВ: Средба на министерот Николовски со избраните компании консултанти при изградбата на откупните центри во Струмица и Ресен

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари работна средба со амбасадорот на Шпанија, Хосе Луис Лозано Гарсиа и претставници на Globaltech Desarrollos Engineering, компанија која е избрана заедно со Коленко, Њу висион и Биро за урбанизам, како конултанти при реализацијата на проектот за изградба на откупните центри во Струмица и Ресен.

На 25 декември официјално ќе биде потпишан Договорот за консултантски услуги за избор на локација, подготовка на физибилити студија и бизнис план, урбанистички проекти, шематски и детален проект за изградба на двата откупно дистрибутивни центри во Струмица и Ресен.

Со потпишувањето на договорот се заокружува првата фаза од преземените обврски за воспоставување на систем за дистрибуција на храна во Република Северна Македонија. Веќе во втората фаза пак, нашата цел е да ја спроведеме изградбата на логистичко дистрибутивната платформа во Скопје и откупните центри во Струмица и Ресен.

Дополнително на средбата се разговараше и за грант поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Владата на Шпанија во вредност од 800.000 евра, поддршка со која го започнуваме проектот за поставување на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување на Северна Македонија.

Преку овие обезбедени средства за поддршка, предвидено е вршење на идентификација на локациите, како прва фаза, потоа развој на концепт дизајн, односно подготовка на физибилити студија и третата фаза разработка на проекти за понатамошен развој.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте