spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Известување

Град Скопје: Известување

По добиеното известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје ги информира граѓаните дека денеска се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки  што беа воведени поради зголемено загадување на воздухот. Согласно со податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух, среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µг/м3 и соодветно на тоа епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.

Овие мерки и препораки повторно може да се воведат доколку се повтори епизодата со зголемено загадување на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

Град Скопје со цел подобрување на квалитетот на воздухот реализира конкретни мерки во текот на целата година: субвенции за инвертери, велосипеди, чистење оџаци, замена на азбестни покриви, енергетска ефикасност, инспекциски контроли, зголемување на зелени површини, велосипедски патеки и бесплатен превоз за ранливи категории на граѓани. Со овие континуирани мерки и активности кои се реализираат од Град Скопје се делува превентивно кон изворите на загадување на воздухот кои потекнуваат од сообраќајот и од  загревањето на објектите со несоодветни енергенси.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте