HomeМинистерстваМЖСПП: Поздрава животна средина и намалени климатски промени – заеднички предизвик на...

МЖСПП: Поздрава животна средина и намалени климатски промени – заеднички предизвик на националните власти и дипломатските претставништва

spot_img
spot_img

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со заменик раководителот на Мисијата на Обединетото Кралство во република Северна Македонија, Јулија Смит, на која се разговараше за импресиите и искуствата од завршената Конференција на страните кон Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, која се одржа минатиот месец во Дубаи, ОАЕ.

На состанокот министерката Шукова информираше за активностите на македонската делегација на конференцијата и за следните активности во насока на исполнување на заклучоците од конференцијата.

Заеднички беше констатирано дека справувањето со климатските промени и грижата за здрава животна средина претставува предизвик за сите и дека тоа побарува активности во многу меѓусебно поврзани сектори, како и високо ниво на свест, за што ќе продолжи и ќе се продлабочи соработката.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија