spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Продолжуваме со реализација на големите проекти во областите управување со отпад...

МЖСПП: Продолжуваме со реализација на големите проекти во областите управување со отпад и води и започнуваме нови иницијативи во заштитата на природата

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на брифинг ги информираше претставниците на медиумите за реализираните и планираните активности во заштитата на животната средина и одговораше на прашања за актуелните теми.

Шукова информираше за најголемите инфраструктурни проекти, пред се за напредокот во воспоставувањето на регионалните системи за управување со отпад, при што Источниот и Североисточниот регион се во најнапредна фаза и се очекува во најскоро време објавување на тендер.

Во делот на водите се осврна на управувањето со речните сливови и реализацијата на  50-те милиони евра заем обезбеден од Европската инвестициона банка распределени по сите општини во државата. Средствата се наменети за подобрување на инфраструктурата за води за собирање и третман на отпадни води, водоснабдување, изградба на филтер станици, намалување на загуби на вода во зависност од приоритетите на општините.

Министерката Шукова информираше дека тендерот за изградба на пречистителна станица во Тетово е веќе објавен во декември 2023 г, а во фаза на подготовка е  тендерот за изградба на пречистителна станица во Битола. Во однос на изградбата на пречистителната станица во Скопје, Шукова нагласи дека веќе е направена авансна исплата со што изведувачот може да започне со работа.

Во делот на заштита на природата, како што информираше Министерката започната е нова иницијатива за заштита на Јабланица,  во тек е процесот на ревалоризација на природните вредности на Маврово, а МЖСПП за прв пат годинава ќе пристапи кон директно финасирање на сите четири национални парка за да се унапреди нивната работата и да се обезбеди потребната инфраструктура што ќе им овозможи да работат со екосистемски услуги и сечата на дрва да не биде главен извор на приходи.

Новитет се и размислувањата за прогласување на гео – паркови во државата и реализирање на иницијатива за прогласување на гео-парк во близина на Демир Капија.

Во делот на заштита на воздухот, Шукова зборуваше да поголемите проекти што продолжуваат со реализација. Особено се осврна на проектот финансиран од ЕУ фондовите наменет за справување со аерозагадувањето на четири града: Скопје, Битола, Куманово и Тетово, во рамки на кој е планирана замена на системите за затоплување со еколошки системми во 70-етина јавни објекти, набавка на еколошки автобуси за Скопје и зголемување на зелените површини.

Во однос на справување со историските еколошки жешки точки, таа најави дека продолжува работата за одстранување на линданот од Охис, а за останатите се размислува за преземање на заштитни мерки.

За актуелното прашање за изградба на ХЕЦ Чебрен, Шукова информираше дека заклучно со 31.12.2023г. од страна на избраниот понудувач не е пристигнато продолжување на банкарската гаранција, со тоа понудата станува неактивна и следува поништување на постапката.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...