HomeМинистерстваМП: Предлог зaконот за државно правобранителство пред пратениците на 16

МП: Предлог зaконот за државно правобранителство пред пратениците на 16

spot_img
spot_img

Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители.

Предлог Законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители за Државен правобранител на Република Северна Македонија по  истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност Владата на Република Македонија да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја обавувал државно правобранителската функција. Измената се предлага  како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се именуваат државните правобранители.

Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте