spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Муцунски - Со нова капитална инвестиција обезбедуваме дополнителен простор за згрижување...

Аеродром: Муцунски – Со нова капитална инвестиција обезбедуваме дополнителен простор за згрижување на 200 дечиња

Општина Аеродром објави оглас за спроведување постапка за јавна набавка за изведување градежни работи за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“. Станува збор за проект кој градоначалникот Тимчо Муцунски го најави на крајот на минатата година, а кој започна да се реализира на почетокот на оваа. Со ова се решава проблемот со згрижувањето на дечињата во најнаселениот дел од општина Аеродром.

„Предизвиците во делот на социјалната грижа и заштита ги решаваме со нова капитална инвестиција. Станува збор за доградба и надградба на детската градинка „Изворче“ со дополнителна површина од 1600 квадратни метри и капацитет за згрижување на уште 200 дечиња“, истакна градоначалникот Муцунски во видео објавено на неговата Фејсбук страна.

Освен доградбата и надградбата на детската градинка „Изворче“, во следниот период планирано е да започне и постапката за доградба и надградба на основното училиште „Блаже Конески“.

Линк до видеото:

https://www.facebook.com/TimcoMucunski/posts/pfbid0hpxo9iEqenwYUmixKG8abSXQ7UsiBK39kncJJi4yRp4kdd8ghvMi8wBRjputsZnol

 

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...